Дино Топмелер е новиот тренер на Ајнтрахт Франкфурт

127

Освојувачот на Лига Европа од 2022 година, Ајнтрахт Франкфурт го именува Дино Топмелер за нов тренер. Германскиот клуб објави за договорот со 42-годишниот тренер кој е со важност до јуни 2026 година.

Топмелер во изминатите години му беше асистент на Јулијан Нагелсман во Лајпциг и во Баерн, а како тренер работел во клубовите Дуделанж и Виртон од Луксембург. Ова ќе му биде прва самостојна тренерска работа во Германија.

 

ПретходноПабло Ласо го презема кормилото на Баерн
СледноШвајцарски професор ќе го суди мечот Македонија-Украина