Мауро Икарди е уште еден во низата фудбалери кои заминуваат во Саудиска Арабија. Аргентинскиот напаѓач ќе стане нов играч на Ал Тавун.
Аргентинецот ги договори сите услови од договорот со тимот од Саудиска Арабија. Неговата плата ќе изнесува 27,5 милиони евра, а ќе потпише договор на две години со опција за продолжување на соработката на уште една година.
Лекарските прегледи и потпишувањето на договорот ќе бидат направени во текот на следната недела, а свој дел од колачот ќе добие и француски ПСЖ, каде 30-годишниот фудбалер се уште е под договор и ќе добие 17 милиони евра.
Сепак, она што ќе привлече големо внимание е неговата огнена сопруга Ванда Нара. Позната е како личност која сака се да разголува и споделува на социјалните мрежи и поради тоа сигурно ќе биде во центарот на вниманието.
Законите во Саудиска Арабија се исклучително строги кога се работи за покажување на телото. Меѓутоа, законите очигледно постојат само за обичните луѓе, а доказ за тоа е Кристијано Роналдо и неговата Џорџина кои без проблем прават што сакаат.
Ванда е, на крајот на краиштата, димензија повеќе за секого. Нејзините фотографии се повеќе од голотија и таа може да биде во неволја во одреден момент.