Интер сака да го задржи Лукаку барем уште една сезона

185

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку ја помина изминава сезона во Интер како позајмен од Челзи, па по истекот на истата треба да се врати на „Стемфорд Бриџ“.

Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ пренесува дека менаџментот на „нероаѕурите“ ја разгледува можноста да ја продолжи позајмицата на уште една сезона. Се разбира, миланскиот клуб би сакал и поприфатливи услови. Да потсетиме дека минатата сезона му платија на Челзи околу осум милиони евра за позајмицата и комплетно покривање на платата.

Во оваа сезона, 29 годишниот фудбалер одигра 37 натпревари во сите конкуренции за Интер и постигна 14 гола и 7 асистенции.

ПретходноПрвиот човек на Серија А за Берлускони: Го однесе италијанскиот фудбал до врвот на Европа
СледноДеспотовски: Против Хрватска ќе мора да ги поправиме грешките од мечот со Белгија