Кадетскиот репрезентативец Георгиев потпиша за Бутел

97
Кадетскиот репрезентативец Дамјан Георгиев е нов ракометар на Бутел Скопје откако потпиша договор со нашиот клуб на три сезони. Десното крило, кое одлично се снаоѓа и на позицијата десен бек, доаѓа од тимот на Пролет, со кој настапи на завршниот турнир во Богданци за младинци.
По одлични партии таму, Георгиев беше прогласен за најдобро десно крило и влезе во идеалниот тим на турнирот. Георгиев е првиот нов ракометар во составот на Бутел Скопје и на новиот тренер Горан Кузманоски, а досега тимот ги продолжи соработките со средниот бек Ѓоргиевски, голманот Блажески и десниот бек Давитковски.
ПретходноЈаровиќ е нов напаѓач на Струга ТЛ
СледноМаксимов: Имаме одличен тим, подготвени сме за претстојните предизвици