Лудило во Денвер: Се бара билет повеќе по цена и од 50.000 долари!

1578

Денвер Нагетс вечерва би можеле да ја освојат историската титула во НБА, па трката по билет за овој меч веќе добива епски размери. Како што јавуваат локалните медиуми, 50.000 долари чинат најскапите билети за петтиот финален меч од серијата со Мајами Хит кој ќе се одигра вечерва во „Бал Арена“.

Денвер води во серијата со 3-1 и е на една победа до првиот шампионски прстен во историјата на франшизата. Најевтиниот билет кој можеше да сенајде во продажба чинеше над 1.600 долари, а имаше и неколку билети за места недалеку од теренот по цена од 10.000 долари.

„Носителите на билети ќе имаат две опции: да го задржат својот билет и потенцијално да бидат сведоци на историјата на Нагетс или да го препродадат за огромен профит“, пишува „Денвер пост“.

Натпреварот се игра од 2:30 часот по македонско време.

ПретходноМаксимов: Имаме одличен тим, подготвени сме за претстојните предизвици
СледноМомците на Милевски полека се комплетираат пред битката со Украина (ФОТОГАЛЕРИЈА)