Вечерва во 02:30 по македонско време се игра петтиот натпревар од финалната серија од НБА шампионатот, во која тимот на Денвер е домаќин против Мајами, а воедно води со 3:1 во истата.
Овој меч може да е последен, доколку победи Денвер, а серијата добива нова епизода доколку Мајами направи подвиг на туѓ терен.
Во тоа може неочекувано да помогне и Тајлер Хироу кој на стартот на плеј офот ја скрши раката и му се предвидуваше пауза од шест недели. Последните информации од САД се дека тој се чувствува подготвен за настап и дека вечерва можно е да се најде не само во составот на Мајами туку да добие и одредена минутажа.