Мурињо дал „зелено светло“, Рома во битка со ПСЖ за ново засилување!

1068

Жозе Мурињо изрази желба да остане во Рома со која би го продолжил проектот, а раководството на клубот напорно работи на адекватни засилувања за следната сезона.

По Хусем Уар, нов играч на Рома без отштета би можел да стане Вилфрид Заха.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска завршил со Кристал Палас, па привлече внимание на поголемите клубови како ПСЖ, но и амбициозниот Ал Наср од Саудиска Арабија.

Извори блиски до фудбалерот наведуваат дека тој не е претерано заинтересиран да се пресели во клуб кој годинава го засили и Кристијано Роналдо и дека неговиот фокус е да остане во Европа.

ПСЖ би можел да му понуди подобри услови од Рома, но се поставува прашањето колку Заха ќе има можност да игра во пеколно натпреварување.

ПретходноКлаудио Раниери плачеше како мало дете (ВИДЕО)
СледноКога татко ти е број еден во светот: Синот на Ѓоковиќ не може да биде погорд!