Најголемата ѕвезда во составот на Реал (М), Бразилецот Винисиус Жуниор, следната сезона ќе игра со дрес со број 7. Според информациите кои се појавија денеска, Винисиус и Родриго најавиле дека ќе ги сменат броевите на своите дресови за следната сезона.
Винисиус ќе го остави бројот 20 и ќе ја заме „седумката“ која досега ја носеше Азар, а претходно беше во сопственост на Кристијано Роналдо. Фран Гарсија, пак, ќе го добие неговиот досегашен дрес со бројот 20.
Родриго повеќе нема да игра со број 21, туку од следната сезона ќе го има дресот со број 11, кој остана слободен по заминувањето на Асенсио.