По третата титула на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ успеа да го врати тронот на АТП-листата и е горд сопственик на три од четири Грен слем турнири во моментов.
Она што треба да се истакне е дека Рафаел Надал загуби голем број бодови со ненастапувањето на Ролан Гарос, што значи дека во последните дваесетина години никогаш не паднал подолу на АТП листата, верувале или не.
Рафаел Надал моментално е 136. тенисер во светот, тој отпадна од топ 100 за прв пат од април 2003 година.
Има само 445 поени, 180 од УС Опен, 45 од Австралија опен, по 10 од Мастерсот во Париз и Синсинати и 200 од АТП финалето.
Штета, се наѕира крајот на големата кариера..