Олимпик Марсеј ја потврди разделбата со Тудор

239

Игор Тудор и официјално заминува од клупата на Олимпик Марсеј. Тој, за време на прес-конференцијата во петокот најави дека ќе го напушти тимот по само една сезон, а сега стигна и потврда од клубот.

„Го прифаќаме и го почитуваме изборот на Игор Тудор да не го продолжи ова патување со нас следната сезона“, изјави претседателот на клубот Пабло Лонгорија на денешната прес-конференција.

Хрватскиот менаџер, наводно, очекува враќање во Серија А, а дали можеби Верона, каде што работеше пред да се пресели во Марсеј ќе биде негов нов клуб, останува да се почека.

ПретходноГран Канарија се откажа од Евролигата
СледноМајами добива неочекувано засилување за вечерва