Пабло Ласо го презема кормилото на Баерн

269

Шпанскиот кошаркарски тренер Пабло Ласо од наредната сезона ќе го предводи Баерн Минхен, соопшти германскиот клуб.

Еден од најдобрите европски тренери се враќа на тренерската работа после пауза од една година, затоа што на почетокот на јуни 2022 година имаше срцев удар. Тогаш го напушти Реал и си зема пауза.

Со Баерн потпиша договор до 2025 година.

Во текот на кариерата два пати ја освојуваше Евролигата, два пати беше избран за најдобар тренер во најсилното кошаркарско клупско натпреварување, пет пати беше шампион на Шпанија, а исто толку пати беше наградуван за најдобар тренер на тамошната лига.

Претходно3Х3 – КВАЛИФИКАЦИИ ЕВРО КУП: Македонија заврши како петтопласирана!
СледноДино Топмелер е новиот тренер на Ајнтрахт Франкфурт