Славниот Кержаков ќе биде тренер на Спартак Суботица

168

Легендарниот руски репрезентативец Александар Кержаков ќе го предводи Спартак од Суботица во новата сезона. Оваа бомбастична вест ја пренесе „Спорт експрес“ наведувајќи дека поранешниот руски фудбалски ас ќе работи како тренер во Србија не наведувајќи го клубот, но српските медиуми претпоставуваат дека тоа ќе биде Спартак кој претходно се раздели со Милан Милановиќ, а овој клуб и претходно имал искуство со руски тренер.

Спартак прави добар маркетиншки потег, но дали тоа ќе се исплати преку резултати со оглед дека поранешниот напаѓач на Зенит, Севиља и Динамо Москва нема големо искуство како тренер. Кержаков по завршувањето на кариерата работел со младите репрезентации на Русија, потоа во Томск и Нижни Новгород, а во првата половина од 2023 година се проба во Кармиотис од Кипар од каде доби отказ по само шест официјални натпревари.

FOTO> twitter/UEFA EURO 2024

 

ПретходноЧелзи има бисер, а не го користи – тој ги освои и „Златната топка“ и „Златната копачка“ на СП У20
СледноКире Маркоски потпишан нов договор со Работнички