Челзи има бисер, а не го користи – тој ги освои и „Златната топка“ и „Златната копачка“ на СП У20

3267

Челзи се изнамачи сезонава со резултатите во Премиер лигата и ЛШ и покрај тоа што зимоска ангажираше многу скапи ѕвезди во своите редови. Сезонава заврши очајно за „сините“ кои нема да излезат во Европа, а познато е дека во своите редови има многу млади фудбалери за кои нема место па ги праќа на позајмици во други клубови.

Летото 2022 година Челзи го купи италијанскиот напаѓач Чезаре Касадеи од Интер за 12,8 милиони фунти плус 4 милиони во форма на бонуси. Во своите редови има вистински бисер. А зошто? Ова лето овој играч „експлодира“ на СП за фудбалери под 20 години.

Ефектот му е седум голови од кои три со глава од девет удари, една аситенција и 143 успешни додавања во противничкиот шеснаесетник.

И покрај тоа што Италија заврши втора затоа што го изгуби финалето од Уругвај, сепак, може да се пофали со тоа што го претстави Касадеи кој ќе биде иднината на италијанскиот фудбал.

Касадеи ја доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер на шампионатот како и „Златната копачка“ за најдобар стрелец.

Ова сигурно ќе му го сврти вниманието на новиот тренер на Челзи, Маурицио Покетино и ќе го вклучи 20 годишниот фудбалер во првиот тим. Токму на летната турнеја ќе има шанса да го види на дело, а не да го позајмува како што тоа го направи минатата сезона која ја помина во Рединг во Чемпионшип дивизијата.

ПретходноШвајцарски професор ќе го суди мечот Македонија-Украина
СледноСлавниот Кержаков ќе биде тренер на Спартак Суботица