Јаровиќ е нов напаѓач на Струга ТЛ

585

Македонскиот фудбалски првак Струга ТЛ донесе уште едно ново засилување во пресрет на новата сезона и европското крштевање за стружани. Во дресот на шампионот доаѓа германскиот интернационалец Сенад Јаровиќ, кој ќе биде ново освежување за напаѓачката линија. Јаровиќ е корпулентен и висок напаѓач (197 см.) и ќе се обиде да се вклопи брзо во тимот кој го очекуваат и првите европски настапи ова лето.

Јаровиќ во Струга доаѓа од романскиот второлигаш Минаур, а претходно има настапувано и за Слобода од Тузла (БиХ) и Радомље (Сло).

ПретходноСтојановиќ го објави списокот на кадетите за СП во Хрватска
СледноКадетскиот репрезентативец Георгиев потпиша за Бутел