Владо Илиевски од денеска е спортски директор на Цедевита Олимпија

190

Поранешниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски, денеска и официјално е именуван на функцијата спортски директор на еден од најдобрите клубови на екс-ју просторите, словенечка Цедевита Олимпија.

„Владо Илиевски е новиот спортски директор на Кошаркарскиот клуб Цедевита Олимпија. Поранешниот врвен кошаркар, кој во својата кариера ги носеше дресовите на Партизан, Барселона, Лотоматика, Тау Керамица, Ефес, Нимбурк, Цедевита Загреб и Олимпија Љубљана, е на функцијата спортски директор наследувајќи го Сани Бечировиќ, кој го напушта клубот по четири сезони“, објавија од Цедевита Олимпија.

Илиевски во 2017 година се прости од кошарката, а во последните години беше и претседател на Кошаркарскиот клуб Илирија.

„Задоволен сум и среќен што овојпат во малку поинаква улога се враќам во клубот кој ми даде многу и кој беше отскочна даска за мојата кариера. Заедно со сите мои колеги во клубот ќе ја дадам сета моја енергија и амбиции да испишам успешна приказна“, изјавил Илиевски.

ПретходноМомците на Милевски полека се комплетираат пред битката со Украина (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноУ21: Канатларовски го одржа првиот тренинг пред контролата со Ерменија (ФОТО)