3Х3 – КВАЛИФИКАЦИИ ЕВРО КУП: Македонија заврши како петтопласирана!

174

Машката сениорска 3Х3 селекција на Македонија го заврши својот настап во евро-квалификаациите како петтопласирана, објави ФИБА.

Нашите најдобри „баскетџии“ имаа ефект од една победа и два порази, односно процентуално гледано 33.3% на успешност, висок процент на реализирани поени, по 18.7, и вкупно 56. освоени бодови кои ја „сместуваат“ веднаш зад четирите полуфиналисти.

Иако застанаа до четвртфиналето, сепак овие момци направија напредок од пет позиции во рангирање на ФИБА. Пред доаѓањето во Братислава, Македонија беше поставена на десеттата позиција (зад нас беа само Грузија и Португалија), што говори дека учеството на овој собир е позитивен.

ПретходноДопрва ќе биде интересно: Во С.Арабија доаѓа најконтроверзниот пар!
СледноПабло Ласо го презема кормилото на Баерн