Брендан Роџерс преговара со менаџментот на Селтик за да се врати на кормилото на еден од најтрофејните клубови на Островот. Според „TalkSport“, Селтик е во потрага по нов шеф по заминувањето на Анже Постекоглу во Тотенхем.
Откако ја освои домашната тројна круна, Селтик е без менаџер, но нема да помине долго време пред да се доведе новиот предводник, затоа што управата веќе добила неколку писма со намера од врвни стручњаци заинтересирани да работат со тимот.
Роџерс е без работа откако го напушти Лестер на почетокот на април. Северноирецот претходно го водеше Селтик од 2016 година. Во неговите три сезони на клупата, Селтик освои две шампионски титули, два Купа на Шкотска и три Лига купа пред да го напушти клубот во февруари 2019 година.