„Гардијан“: По Сити, Гвардиола ќе работи со репрезентација

871

Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола во иднина ќе се проба и како селектор. Тоа би го направил по завршувањето на договорот со Манчестер Сити во 2025 година. Со Барселона, сега и со Манчестер Сити ја освои ЛШ и комплетира три трофеи, а со Баерн три пати беше германски шампион и го освои Светското клупско првенство во првата сезона на кормилото на овој клуб.

СП за клубови два пати го освои и со Барселона, во 2009 и 2011 година.

Според британски „Гардијан“, шпанскиот тренер би сакал да работи како селектор на национален тим откако освои се што можеше да се освои на клупски план.

Претходно се пишуваше дека Пеп планира да работи и во италијанскиот шампионат, па со некој од тамошните клубови да ја освои Серија А.

Дали тоа би била Шпанија, Англија или некоја друга репрезентација не е јасно. На Пеп му преостанува уште да ја покори Европа или Светот со некоја национална селекција и слободно може да каже крај на тренерската кариера. Би си заминал со стил!

ПретходноДеспотовски: Против Хрватска ќе мора да ги поправиме грешките од мечот со Белгија
СледноСтојановиќ го објави списокот на кадетите за СП во Хрватска