Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку ја помина изминава сезона во Интер како позајмен од Челзи, па по истекот на истата треба да се врати на „Стемфорд Бриџ“.
Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ пренесува дека менаџментот на „нероаѕурите“ ја разгледува можноста да ја продолжи позајмицата на уште една сезона. Се разбира, миланскиот клуб би сакал и поприфатливи услови. Да потсетиме дека минатата сезона му платија на Челзи околу осум милиони евра за позајмицата и комплетно покривање на платата.
Во оваа сезона, 29 годишниот фудбалер одигра 37 натпревари во сите конкуренции за Интер и постигна 14 гола и 7 асистенции.