Кога татко ти е број еден во светот: Синот на Ѓоковиќ не може да биде погорд!

1098

Новак Ѓоковиќ имаше посебна поддршка на овогодинешниот Ролан Гарос, заедно со сите членови на тимот и навивачи, таму беше и неговото семејство. Најмногу вклучен во освојувањето на овој Ролан Гарос беше неговиот син Стефан, кој не ја пропушти можноста да тренира со својот татко.

Го видовме како вози велосипед во теретана со Новак, беше присутен на неговите тренинзи и го бодри својот татко од трибините на натпреварите. А сега се појави и на прес-конференцијата по повод освојувањето на 23. Грен слем титула.

Додека Новак одговараше на новинарските прашања, осумгодишниот Стефан трпеливо го чекаше својот татко. Седна на скалите и гордо гледаше во Новак додека тој одговараше на прашањата.

„Најдобрата слика на денот. Стефан го гледа својот татко. Изгледа толку гордо“, напиша Тјери Губер, еден од клучните луѓе на „Лакоста“ кој всушност го фотографирал Стефан. 

 

ПретходноМурињо дал „зелено светло“, Рома во битка со ПСЖ за ново засилување!
СледноРаботнички во преговори со Амар Хот!