Почина Силвио Берлускони

331

Поранешниот италијански премиер и поранешен сопственик на Милан, Силвио Берлускони почина на 86 годишна возраст. Тој боледувал од леукемија, а оваа пролет помина шест седмици во миланската болница Сан Рафаеле бил пуштен на домашно лекување, но повторно примен и утринава починал.

Берлускони беше сопственик на Милан меѓу 1986 и 2017 година.

Иако имаше здравствени проблеми, последниве години максимално му се посвети на фудбалот. Беше на чело на Монца од која изгради сериозен тим. Ја одведе во Серија А, а таму тимот избори опстанок и идната сезона повторно ќе игра во елитата.

Берлускони покрај функциите во фудбалот беше медиумски тајкун кој водеше три италијански влади меѓу 1994 и 2011 година, а неговата партија Форца Италија е партнер во сегашната владејачка коалиција.

ПретходноРаботнички во преговори со Амар Хот!
СледноДопрва ќе биде интересно: Во С.Арабија доаѓа најконтроверзниот пар!