Првиот човек на Серија А за Берлускони: Го однесе италијанскиот фудбал до врвот на Европа

200

Претседателот на Серија А, Лоренцо Касини изрази сочувство за смртта на историскиот лидер на Милан, Силвио Берлускони. Поранешниот премиер на Италија работеше и како претседател на Милан со кого освои се што можеше да се освои, а во изминатите неколку години со својот долгогодишен спортски соработник Адријано Галијани работеа во Монца.

Претседателот Берлускони е апсолутен протагонист на фудбалот со децении. Тој испиша историја во спортот, ги промени неговите парадигми и секогаш беше иновативен, водејќи го италијанскиот фудбал до врвот на Европа. Серија А ја споделува болката на неговото семејство и на сите Италијанци.“, изјави Касини.

Со 29 освоени трофеи, тој е најуспешниот претседател во историјата на италијанскиот фудбал.

За повеќе од триесет години во светот на фудбалот, Берлускони остави неизбришлива трага, градејќи тимови кои останаа во колективната меморија и во меѓународната историја не само за трофеите, туку главно за способноста да возбудува преку прекрасната игра и настапот што го нудат тимовите на стадионот, се заштитен знак на неговото претседателствување“, додаде првиот човек на Серија А.

ПретходноКире Маркоски потпишан нов договор со Работнички
СледноИнтер сака да го задржи Лукаку барем уште една сезона