Сандеј се простува, а има договор со Шкупи

1736

Еден од најдобрите странци кои некогаш заиграл во нашиот ПМФЛ домашен шампионат, напаѓачот на Шкупи, Сандеј Адетунџи, денеска ја разбранува јавноста со објавата која ја сподели преку социјалните мрежи.

Напаѓачот сподели свое мислење околу неговата одиграна сезона, за головите и асистенциите, и во прв ред тоа изгледа како да тој се збогува со клубот. Многумина тоа и си го помислија, па од Шкупи едноставно мораше да реагираат за да ги разрешат сите дилеми околу останувањето на напаѓачот од Нигерија.

„Не, веста дека Сандеј Адетунџи си заминува од Шкупи не е вистинита. Неговата објава на социјалните мрежи е едноставно за да се заблагодари за добрата сезона што ја мина со клубот. Договорот на Адетунџ истекува за една година, дотогаш тој останува верен на клубот и ќе продолжи да бидеш наш играч“, изјавува генералниот менаџер на Шкупи, Емир Шабани.

ПретходноНајголемата ѕвезда на Реал (М) следната сезона со бројот 7 на својот грб
СледноБрендан Роџерс повторно се враќа на клупата на Селтик