Аломеровиќ уште две години во Работнички

182

Левиот бек Дин Аломеровиќ ја продолжи верноста кон клубот. Тој и во наредните две години ќе биде дел од тимот на Работнички.

Аломеровиќ се обврза на нова двегодишна верност кон ФК Работнички.

Тој минатата сезона беше еден од најстандардните фудбалери во составот на Работнички, одигра 28 натпревари во Првата фудбалска лига и забележа три асистенции.

Претходно, нов договор со ФК Работнички потпиша и Кире Маркоски.

ПретходноВнукот на Илчо Наумоски настапи за Австрија!
СледноОфицијално: Кристијан Тошевски го засили Шкупи