Златна лига: Хрватите најавуваат прва победа, токму утре против Македонија

222

Македонската одбојкарска репрезентација утре против Хрватска на гости ќе го одигра претпоследниот меч од годинешната Европска Златна лига. Во групната фаза по две победи дома и два порази на гости, ова е третото гостување за избраниците на селекторот Миленкоски.

Хрватската одбојкарска репрезентација досега е без победа, па токму на мечот со Македонија ќе атакуваат на прв триумф.

„За Македонците можам да кажам дека добро ги познаваме. Тие се сериозна и искусна екипа. Нивниот најдобар играч е Ѓорѓиев и мораме да му посветиме посебно внимание. Среќен сум за нашиот мал напредок, кој може да се види од натпревар во натпревар. Се надевам дека в среда тој напредок ќе го крунисаме со првата победа во Златната европска лига. Имаме многу повреди на клучните позиции во тимот и тоа може да биде малку проблем за нас. Но ќе бидеме комплетни и здрави до фајналфорот“, истакна Иван Жељковиќ.

Утрешниот натпревар се игра во Задар со почеток од 20 часот.

ПретходноМанев и Емини: Целта е против Украина да го одиграме најдобриот натпревар
СледноИзјава на Ѓорѓевиќ и Даниловиќ во 2019: Јокиќ и Дончиќ се супер, но само Богдановиќ би можел да игра со нас!!!