Калид Басит од Ѓорче ќе биде замената за Адетунџи на Чаир!

853

Последните информации од Чаир говорат дека се е договорено. Шкупи го пушта Сандеј Адетунџи во Нижни Новгород, се разбира со адекватна отштета а самиот напаѓач ќе биде платен 400.000 евра по сезона.

Па така сега станува јасно дека Шкупи ќе мора да бара адекватна замена за Сандеј, и таа замена е пронајдена во Калид Басит, напаѓачот на Македонија ЃП.

Станува збор за офанзивец од Гана, кој во Македонија ЃП играше пред три години една неполна сезона, а во Ѓорче се врати во последниот зимски преоден рок.

ПретходноМбапе за “преселбата“ во Реал ова лето: Лаги…!
СледноВнукот на Илчо Наумоски настапи за Австрија!