Засекогаш ќе се памети дека Родри со голот во Истанбул му го донесе пехарот на ЛШ на Манчестер Сити. Шпанскиот играч за врска е новиот херој на фановите на “граѓаните“. За разлика од некои други познати фудбалери, тој својата приватност и тоа како знае да ја чува само за себе.
Но по завршувањето на финалето фудбалскиот свет конечно ја запозна неговата девојка, убавата Лаура. И двајцата се заедно веќе неколку години а се запознале уште тој кога бил играч на У-21 на Вилјареал во студентски камп.
Првите зборови на Лаура за Родри биле – А, што овој дечко бара тука?“.
Од видеото се гледа како Лаура му ја честита титулата на својот сакан, а тој и го дава медалот.
Инаку фудбалерот има диплома за менаџмент и администрација, а Лаура е иден хирург.
Rodri: “It was funny because I met her [girlfriend, Laura] in student residence and she was starting medicine. She was like, ‘What is this guy doing here?’ I met her when I was in the U21 side of Villarreal, it was kind of like this when I start moving forward in pro football” ❤️ pic.twitter.com/d9CJZFiq7D
— dep (@_bernacleboy) June 11, 2023