Она што беше најавено пред неколку денови сега е официјализирано. Повремениот македонски сениорски репрезентативец, Кристијан Тошевски го засили тимот на Шкупи. Откако мина извесен период во тимот на Тирана од Албанија, Тошевски се враќа во домашниот шампионат. Претходно во ПМФЛ тој настапуваше за екипите на Тетекс, Вардар и Пелистер.
Тој доаѓа како новитет по бранот на заминувања од Чаир летово, кое секако го предводеше најпрво тренерот Гоце Седлоски, па потоа и Владица Брдаровски како и дел од странците кои повеќе нема да бидат дел од Шкупи.