Познато е, ама и да потсетиме. Селекторот Благоја Милевски во петок, на мечот со Украина во квалификациите за ЕВРО 2024 нема да биде на клупата на нашата репрезентација на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.
Имено познато е дека тој е под суспензија поради црвениот картон кој што го доби на првиот меч од квалификациите, оној со Малта, кога во финишот нашиот селектор беше исклучен.
Како што дознаваме, на клупата и покрај аут линијата во петок навечер од 20:45 часот ќе биде неговиот прв помошник Роберт Стојановски, а селекторот ќе биде на трибини.
Е, сега Милевски дали ќе има комуникација со својот стручен штаб останува да се види што кажува протоколот за вакви случаеви.