Според пишувањето на денешна „Марка“ тимот на ПСЖ летово ќе се обиде да го доведе ни помалку ни повеќе туку интернационалецот од Јужна Кореја, и во моментов членот на шпанска Мајорка, Канг-Ин Ли.
Офанзивецот имаше и повеќе од солидна сезона во Ла Лига постигнувајќи шест гола и шест асистенции на 36 меча.
Кореецот има 22 години во моментов и е одлична аквизиција за клуб како ПСЖ со оглед на маркетиншкиот момент кој Ли би го создал во својата земја.
🔥 El PSG se interesa por Kang In Lee https://t.co/TSRjL5PNub
— FichajesMARCA (@Marcatransfer) June 12, 2023