Кошаркарите на Партизан ја победија Црвена Звезда со 88:80 во првиот натпревар од финалето на АБА лигата. Партизан успеа да го одбрани домашниот терен во првиот натпревар и да го совлада тимот на Црвена Звезда по голема драма во финалето, иако на полувремето се чинеше дека се е готово.
Ниту 20 поени предност не им беа доволни на „црно-белите“, бидејќи Ц. Звезда успеа да се врати во мечот и малку недостасуваше дури и да им ја украде победата.
Ледеј со 24 и Пантер со 19 и Смаилагиќ со 11 поени беа најдобри во тимот на Партизан, додека гостите беа предводени од Добриќ со 17 поени и 6 скока, Кампацо со 15, Петрушев со 11 поени.
Следниот натпревар се игра во четврток од 20 часот на истото место.