Левиот бек Дин Аломеровиќ ја продолжи верноста кон клубот. Тој и во наредните две години ќе биде дел од тимот на Работнички.
Аломеровиќ се обврза на нова двегодишна верност кон ФК Работнички.
Тој минатата сезона беше еден од најстандардните фудбалери во составот на Работнички, одигра 28 натпревари во Првата фудбалска лига и забележа три асистенции.
Претходно, нов договор со ФК Работнички потпиша и Кире Маркоски.