Калкан откажа поради истегнати лигаменти

513

нМакедонската репрезентација до 21. година в четврток на 15 јуни со почеток од 17:00 часот ќе го одигра првиот од двата закажани пријателски мечеви против соодветната селекција на Малта токму во Скопје.

Избраниците на селекторот Драган Канатларовски веќе се подготвуваат за овие дуели, но ќе мора истите да ги одиграат без Берат Калкан фудбалетот на турскиот тим Касимпаша кој е повреден.

Во таборот на репрезентацијата пристигнаа снимки од истегнатите лигаменти на Калкан и тој дефинитивно нема да биде во можност овојпат да се стави на располагање.

Од У21 таборот велат дека нема да има дополнителен повик за нов фудбалер.

ПретходноТрето коло во „СВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ“ на 2win.mk  
СледноКристијан Тошевски доаѓа во Шкупи