Повремениот македонски сениорски репрезентативец, Кристијан Тошевски ќе го засили тимот на Шкупи ова лето. Откако мина извесен период во тимот на Тирана од Албанија, Тошевски се враќа во домашниот шампионат. Претходно во ПМФЛ тој настапуваше за екипите на Тетекс, Вардар и Пелистер.
Тој доаѓа како новитет по бранот на заминувања од Чаир летово, кое секако го предводеше најпрво тренерот Гоце Седлоски, па потоа и Владица Брдаровски како и дел од странците кои повеќе нема да бидат дел од Шкупи.
Тошевски секако дека е екстра засилување за Чаирчани кои очигледно планираат по лошата сезона во која ја испуштија титулата, следната сезона повторно да го вратат ПМФЛ пехарот во своите витрини.