Женската одбојкарска репрезентација на Македонија, утре во 16 часот и гостува на репрезентацијата на Летонија, меч во кој ќе се обидеме да ја одиграме нашата најдобра партија во дебитантскиот настап во Европската Сребрена лига. Избраничките на селекторот Пауновиќ по четири кола имаат четири максимални порази, но се уште длабоко веруваат дека во последните два меча со Летонија и Австрија на гости можеме да изненадиме.
„Подготвени сме да го покажеме тоа што го работевме, за тоа што зборувавме. Ја очекуваме поддршката од сите наши навивачи и секако ние ќе направиме се, па дури и за победа“, вели Мила Дикова во пресрет на утрешниот дуел.
Мечот во Рига ќе биде претпоследен за нашите девојки во овој премиерен настап по долгата пауза без европски настапи на нашата сениорска селекција.