ПСЖ ќе тргне по корејската сензација од Мајорка

217

Според пишувањето на денешна „Марка“ тимот на ПСЖ летово ќе се обиде да го доведе ни помалку ни повеќе туку интернационалецот од Јужна Кореја, и во моментов членот на шпанска Мајорка, Канг-Ин Ли.

Офанзивецот имаше и повеќе од солидна сезона во Ла Лига постигнувајќи шест гола и шест асистенции на 36 меча.

Кореецот има 22 години во моментов и е одлична аквизиција за клуб како ПСЖ со оглед на маркетиншкиот момент кој Ли би го создал во својата земја.

ПретходноПоради суспензија: Милевски нема да биде на клупата на Македонија на дуелот со Украинците!
СледноОва е девојката на херојот на Сити: Што бараш ти овде?! (ВИДЕО)