Хамза Рамани: Триумф над Ерменија и Малта за поголема самодоверба пред стартот на квалификациите!

209

Младата репрезентација на Македонија и денеска ги продолжува подготовките за пријателските мечеви со Ерменија и Малта. Момците на селекторот Драган Канатларовски вредно ги одработуваат тренинзите и се подготвуваат за овие два контролни меча.

Хамза Рамани, за тоа што ја очекува У-21 селекција на Македонија, истакнува:

На овие два контролни натпревари очекувам да одиграме квалитетно, борбено и да дојдеме до позитивен резултат. Јасно е дека тоа ќе биде за подигање на самодовербата пред стартот на квалификациите. Јас лично со нетрпение го очекувам стартот на овие квалификации. Се надевам дека ќе имаме добри квалификации и дека ќе го повториме успехот на онаа генерација која во 2017 година играше на ЕП. Поседуваме квалитет и одлучност, но тоа ќе мораме да го покажеме на терен на натпреварите што следат“ рече покрај другото нашиот младински репрезентативец.

ПретходноМбапе пред мега – трансфер во Реал, но сега и Јунајтед е во игра?!
СледноНовак со хит порака до Јокиќ: Кога ќе одиме на тенис, Јокара? (ФОТО)