Шеикот од Катар се поблиску до купување на Манчестер Јунајтед

196

По се изгледа дека летово тимот на Манчестер Јунајтед дефинитивно ќе има нов сопственик. По серијата на преговори помеѓу во моментов сопствениците, семејството Глејзер со претставниците на шеикот од Катар, Јасум бин Хамад ал-Тани како еден потенцијален купувач, и англискиот бизнисмен Сер Џим Ретклиф како втора заинтересирана страна, се чини дека „нафтените долари“ ќе победат во оваа битка.

Англиските медиуми утринава велат дека петтата, и воедно последна понуда која што пристигнала од Катар е онаа вистинската за Глејзерси и дека тие истата ќе ја прифатат. Изворот се локални катарски медиуми кои реално и можат најдобро да ја дознаат целата ситуација со оглед на фактот што се најблиску до случувањата во моментов.

Сер Џим Ретклиф до минатата недела важеше за фаворит за преземање на Манчестер Јунајтед. Понудата на британскиот милијардер беше за нешто повеќе од 50% од акциите на семејството Глејзер, што ќе му овозможи да го преземе оперативното управување со клубот, но истовремено да ги остави Американците како малцински сопственик на Олд Трафорд.

Сепак, понудата од речиси шест милијарди долари која пристигнува од Катар е очигледно недостижна и Манчестер Јунајтед најверојатно ќе биде уште еден сериозен фудбалски субјект кој ќе падне под влијание на „нафтените милијарди“ кои во моментов очигледно зазвземаат се поголем простор.

ПретходноМакедонија во тешка група заедно со домаќинот Кипар
СледноАрсенал ја договори цената за Деклан Рајс