Шкендија го промовираше поранешниот капитен на Дрита од Гњилане, Ардијан Лимани за нов играч во „црвено-црниот“ дрес. Тој доаѓа од косовскиот шампионат, има 29 години, игра во дефанзивниот ред и со Шкендија потпиша двегодишен договор.
„Знам каква историја има Шкендија, тоа е успешен клуб и добро организиран. Задоволен сум што ќе го носам овој дрес. Знам дека Шкендија има и одлични навивачи кои многу го сакаат клубот, сакаат трофеи. Тоа ме натера да дојдам тука затоа што клубот има големи амбиции. Почувствував дека треба да бидам дел од овој тим“, изјави Лимани.