Јокиќ ја отвори портата на вечноста: Денвер до прва НБА-титула (ВИДЕО)

1110

Кошаркарите на Денвер се новите шампиони во НБА лигата. Нагетси за првпат во историјата се искачија на тронот, а тоа го сторија откако славеа на петтиот меч од финалната серија, Мајами го совладаа со 94-89.

Неверојатен натпревар кој не беше квалитетен офанзивно, но пред се драматичен му донесе на Никола Јокиќ место меѓу вечните во НБА лигата, а на Нагетс првиот шампионски пехар во историјата.


Српскиот центар постигна 28 поени, имаше 16 скока и четири асистенции. Тој сосема очекувано ја доби МВП наградата. Кај Нагетс 16 додаде Портер, на другата страна Батлер имаше 21, Адебајо остана на 20.

Мајами имаше  двоцифрени 39-29 во втората четвртина. А по голема драма, Денвер благодарение на серијата од 5-0 дојде до конечните 94-89.

ПретходноМајами добива неочекувано засилување за вечерва
СледноФотографија која доволно говори: Едноставно – „тата“ е број еден (ВИДЕО)