Џек Грилиш го моли соиграчот да остане (ВИДЕО)

501

Сити го победи Интер во саботата и ја освои Лигата на шампионите за прв пат во својата историја, завршувајќи ја сезоната со три трофеи.

Фудбалерите и стручниот штаб на Сити се вратија во Манчестер каде заедно со своите навивачи ја прославија титулата.

На чело на забавата беше Џек Грилиш, кој го зеде микрофонот за да каже дека го поминал најубавиот ден во животот, но не спиел.

Тој беше доловен како го моли Бернардо Силва да остане во клубот, кој се поврзува со ПСЖ. Англичанецот би сакал Португалецот да остане член на „граѓаните“ и за следната сезона.

ПретходноАрсенал ја договори цената за Деклан Рајс
СледноАдетунџи има понуда од Русија вредна 400.000 евра годишно!