Македонската одбојкарска репрезентација утре против Хрватска на гости ќе го одигра претпоследниот меч од годинешната Европска Златна лига. Во групната фаза по две победи дома и два порази на гости, ова е третото гостување за избраниците на селекторот Миленкоски.
Хрватската одбојкарска репрезентација досега е без победа, па токму на мечот со Македонија ќе атакуваат на прв триумф.
„За Македонците можам да кажам дека добро ги познаваме. Тие се сериозна и искусна екипа. Нивниот најдобар играч е Ѓорѓиев и мораме да му посветиме посебно внимание. Среќен сум за нашиот мал напредок, кој може да се види од натпревар во натпревар. Се надевам дека в среда тој напредок ќе го крунисаме со првата победа во Златната европска лига. Имаме многу повреди на клучните позиции во тимот и тоа може да биде малку проблем за нас. Но ќе бидеме комплетни и здрави до фајналфорот“, истакна Иван Жељковиќ.
Утрешниот натпревар се игра во Задар со почеток од 20 часот.