Какви денови: Ѓоковиќ и Јокиќ – најголемата ера историјата на српскиот спорт!

288

Во нешто повеќе од триесет часа двајца Срби, врвни имиња, со златни букви се запишаа во историските книги на нивните спортови.

Во неделата Новак Ѓоковиќ стана шампион на Ролан Гарос, со што ја освои 23. Грен слем титула во кариерата, со што стана единствен во историјата на машкиот тенис.

Нешто повеќе од еден ден подоцна, Никола Јокиќ, човекот за кој се раскажани сите приказни и личноста која поседува две МВП титули во својот дом, го освоји својот прв шампионски прстен со Денвер Нагетс. Тоа беше нешто што му недостигаше за да може да помине низ вратата на најголемите досега.

„Ова мора да биде најголемата ера во историјата на српскиот спорт“, одговори Никола на прашањето на медиумите на конференцијата по освојувањето на прстенот.

„Спортот во Србија е нешто што не става пред сите, дури и пред 10-20 години. Особено сега кога го имаме Ѓоковиќ e најдобриот тенисер досега. За нас тој е најдобар. Се разбира, сега имаме титула во НБА. Мислам дека е многу убаво да се биде Србин во моментов“, порача Јокиќ. 

ПретходноЈокиќ: Ја завршивме работата, сега можеме да си одиме дома!
СледноВо Париз стигна изненадувачко писмо од Мбапе!