Последните информации од Чаир говорат дека се е договорено. Шкупи го пушта Сандеј Адетунџи во Нижни Новгород, се разбира со адекватна отштета а самиот напаѓач ќе биде платен 400.000 евра по сезона.
Па така сега станува јасно дека Шкупи ќе мора да бара адекватна замена за Сандеј, и таа замена е пронајдена во Калид Басит, напаѓачот на Македонија ЃП.
Станува збор за офанзивец од Гана, кој во Македонија ЃП играше пред три години една неполна сезона, а во Ѓорче се врати во последниот зимски преоден рок.