Мбапе пред мега – трансфер во Реал, но сега и Јунајтед е во игра?!

660

Од час во час се менуваат информациите околу Килијан Мбапе. Најновата е таа дека сите услови се исполнети и дека тој набргу ќе потпише за Реал Мадрид и дека “кралевите“ за овој трансфер ќе платат 150 милиони евра.

Сепак во игра сега е и Манчестер Јунајтед.

Откако проструи веста дека нов газда на Манчестер Јунајтед ќе биде шеикот од Катар, Јасим бин Хамид Ал Тани, веднаш почнаа шпекулациите околу тоа за првиот потег на новиот газда на клубот од “Олд Трафорд“.

Катарците го посакувале токму Килијан Мбапе, фудбалерот кој сега е член на ПСЖ кој исто го држат шеиците од Катар, дел од семејството Ал Тани, поточно Тамин бин Хамад Ал Тани.

Со оглед на тоа колку пари имаат секако дека нема да биде проблем за 150 милиони фунти да го купат или само да го трансферираат од ПСЖ во Јунајтед, веројатно најдобриот фудбалер во светот.

ПретходноМирко Радовиќ си оди од Битола, се враќа во Ловќен?!
СледноХамза Рамани: Триумф над Ерменија и Малта за поголема самодоверба пред стартот на квалификациите!