Како што информира Лобспорт.ме, портал од Црна Гора, капитенот на Е. Пелистер, Мирко Радовиќ, еден од најдобрите ракометари на нашиот шампион, црногорски репрезентативец, по се изгледа дека се враќа во својата земја и дека во следната сезона ќе игра за тимот на Ловќен.
Се информира дека договорот меѓу Ловќен и Радовиќ веќе е постигнат, недостига само уште потписот.
Секако дека ова ќе биде голем удар за битолчани во пресрет на настапот во Лигата на Шампионите.
Инаку Радовиќ во Е. Пелистер е од 2019 година, а Ловќен е некогашен негов клуб каде што играше од 2009 до 2014 година.