Монца ќе го преименува стадионот по Берлускони, се очекува тоа да го направи и Милан

399

Поранешни тренери и членови на Милан, вклучувајќи го и Фабио Капело, и предложија на управата новиот стадион што планираат да се изгради во областа Сан Донато да го носи името на Силвио Берлускони, поранешниот претседател на клубот во чија ера „Росонерите“ ги имаа најуспешните моменти во историјата.

Берлускони почина во понеделникот, а погребот е утре (14 јуни) во Милано. Тој остави длабок белег во историјата на Милан и на италијанскиот фудбал воопшто. Берлускони го продаде Милан во 2017 година после 31 година како дел од него.

Тоа би било одлична идеја. Се надевам дека ќе им се допадне и на сегашните сопственици. Мислам дека фановите на Милан ќе се согласат, сепак, клучот е во актуелното раководство. Знам дека едно време Берлускони сакаше да го купи „Сан Сиро“ и да го именува по својот татко Џуиџи Берлускони. А новиот стадион на „росонерите“ би требало да го носи името на Берлускони како најуспешниот претседател на клубот“, изјави Капело со кого се сложуваат и уште неколку поранешни играчи на клубот.

Берлускони беше претседател и на Монца пред смртта. А овој прволигаш може порано да го преименува својот стадион „Бриантео“ во стадион „Силвио Берлускони“ затоа што во градскиот совет веќе е поднесено барање за промена на името на стадионот.
Силвио го купи клубот во 2018 година и го предводеше до промоција во Серија А во 2021/22.

ПретходноПо само шест месеци: Матеј Цветаноски си замина од А.Пандев!
СледноШкендија ја засили одбраната со Адријан Лимани