Поради суспензија: Милевски нема да биде на клупата на Македонија на дуелот со Украинците!

993

Познато е, ама и да потсетиме. Селекторот Благоја Милевски во петок, на мечот со Украина во квалификациите за ЕВРО 2024 нема да биде на клупата на нашата репрезентација на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.

Имено познато е дека тој е под суспензија поради црвениот картон кој што го доби на првиот меч од квалификациите, оној со Малта, кога во финишот нашиот селектор беше исклучен.

Како што дознаваме, на клупата и покрај аут линијата во петок навечер од 20:45 часот ќе биде неговиот прв помошник Роберт Стојановски, а селекторот ќе биде на трибини.

Е, сега Милевски дали ќе има комуникација со својот стручен штаб останува да се види што кажува протоколот за вакви случаеви.

ПретходноНовак со хит порака до Јокиќ: Кога ќе одиме на тенис, Јокара? (ФОТО)
СледноПСЖ ќе тргне по корејската сензација од Мајорка