Шведска фудбалерка откри што се случувало на СП 2011: Не натераа да им ги покажеме гениталиите!

2339

Шведската фудбалска репрезентативка, Нила Фишер, отворено зборуваше за случувањата пред СП кое се одржа во Германија 2011 година, а кои и ден-денеска се без преседан. Како што изјавила Фишер, фудбалерките биле принудени да ги покажат гениталиите за да го потврдат полот пред настапот на Мундијалот во Германија пред 12 години.

„Ни беше кажано дека во наредните денови (пред турнирот) не треба да се бричиме „таму долу“ и дека ќе му ги покажеме гениталиите на лекарот. Се чудевме како можеше да се случи ова. Зошто сме принудени да го правиме ова, бидејќи мора да има други начини за проверка. Во исто време, никој не сакаше да ја загрози можноста да игра на Светското првенство. Едноставно моравме да го направиме тоа, без разлика колку е болно и понижувачко“, вели Фишер.

Светското првенство за жени во 2011 година заврши со триумф на Јапонија. Шведска го освои третото место.

ПретходноАБА финале: Партизан имаше убедлива предност, но на крајот спасуваше триумф
СледноМањан му рекол „НЕ“ на Челзи