Кошаркарот на Денвер Нагетс и српски репрезентативец Никола Јокиќ беше релативно мирен по освојувањето на шампионскиот прстен во НБА.
Историскиот пехар за Нагетс е главно дело на Никола Јокиќ, кој беше предводник на овој тим цела сезона.
Јокиќ само во неколку моменти покажа емоции, додека пред ТВ камерите беше мирен. Тој имаше легендарна изјава.
“Знаевме дека тие се одличен тим и тие се неверојатен тим кој многу го почитувам. Не можевме да погодиме шут долго време, но успеавме да најдеме начин. Кошарката е жива работа и затоа е толку убав спорт. Какво е чувството? Добро, добро… Работата е завршена. Сега можеме да си одиме дома“, рече Јокиќ.
View this post on Instagram